Лејкерси паднаа во Денвер

Loading...

 Четири натпревари се одиграа во НБА лигата, во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот, во нив победи забележаа екипите на Денвер, Бостон, Атланта и Вашингтон.Кошаркарите на Денвер со победата во дербито против Лејкерси со 119:108, стигнаа до скор од 36 победи и 22 порази. Вилсон Чендлер со 23 поени, Тај Лосон со 22 и Андре Игудала со 14 поени и 12 асистенции го предводеа Денвер до победата.Коби Брајант вообичаено ги предводеше Лејкерси, тој постигна 29 поени. Кај ’езерџиите’ уште четворица играчи постигнаа двоцифрен број на поени: Стив Неш (16 поени), Двајт Хауард (15 поени и 14 скокови), Мета Ворлд Пис (15 поени) и Ентоан Џејмисон (14 поени).Јута на домашен терен, по продолжението, загуби од екипата на Бостон со 107:110. Тимската игра, во која шестмина играчи постигнаа двоцифрен број на поени му ја донесе победата на Бостон. Пол Пирс со 26 ја предводеше екипата до победата. Ист број на поени на спротивната страна постигна Гордон Хејвурд.Ал Хорфорд одигра неверојатен натпревар кој го заврши со 23 поени и 22 скока, а Атланта победи во Детроит со 114:103. Покрај Хорфорд кај победникот се истакнаа и Џош Смит со 23 и Џеф Тиг со 20 поени. Родни Стаки со 22 и Џонас Џеребко со поен помалку беа најпрецизните во редовите на Детроит.Гостинска победа во Торонто забележа Вашингтон. Екипата од престолнината на САД предводена од Бредли Бил кој реализира 20 поени победи мво Торонто со 90:84.
Макфакс Четири натпревари се одиграа во НБА лигата, во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот, во нив победи забеле

loading...