Лирија победи во Куманово

Loading...

Кошаркарите на Лирија со победа го отворија пролетниот дел од сезоната во домашното првенство. Екипата од Сарај, како гостин, победи во Куманово со 79:78 и го презеде првото место на табелата.

Лирија до победата ја однесе Угриновски со поените постигнати во завршните моменти од натпреварот. Радуновиќ со 19, Угриновски со 14 и Симиќ со 13 поени ја предводеа Лирија до седмата победа во 10-от натпревар сезонава. Луковиќ (20 поени и 13 скокови) и Инграм (16 поени) се истакнаа со учинокот во екипата на Куманово, која го забележа првиот пораз сезонава на домашен терен. Десетото коло, ќе биде комплетирано во сабота, кога ќе се одиграат натпреварите: Фени индустри-Работнички, Пелистер-Вардар и Струмица-Кожув.
Makфакс
Кошаркарите на Лирија со победа го отворија пролетниот дел од сезоната во домашното првенство. Екипата од Сарај, како гости

loading...
Loading...