Ловачката салата: Отсега ќе ја правите секоја година

Loading...

Еве како наједноставно и најбрзо да подготвите ловачка салата…
Состојки
– 500 гр. моркови
– 1 л. варен домат
– 3 кг. црвени пиперки
– 1 дл. оцет
– 1 дл. масло
– 100 гр. шеќер
– 50 гр. сол
– магдонос
– лута пиперка по желба


Подготовка:
Исецкајте ги морковите, а потоа варете ги во сокот од домати околу 40 минути. Додадете ги исецканите црвени пиперки, оцетот, маслото, солта, шеќерот и исецканиот магдонос. Сè заедно варете на тивок оган уште 40 минути.
Ставете во тегли и оставете ги да се изладат. Чувајте ги во фрижидер.

loading...