Лори: Доктор Хаус беше кошмар

Loading...

Популарниот британски актер, Хју Лори, вели дека улогата на доктор Хаус во истоимената американска серија му била „ноќен кошмар“, иако благодарение на неа стана најплатен ТВ актер.Лори, (53), доби два Златни глобуса за улогата на намќорестиот д-р Грегори Хаус, и заработуваше 250.000 фунти по епизода. Во интервју за „Радио Тајмс“, Лори својата голема улога ја нарече `златен кафез` и вели дека некогаш чезнел да доживее несреќа, само да добие неколку слободни денови.„Од оваа дистанца се делува апсурдно и смешно. Што правев освен што глуматарев и што раскажував приказни со група фини луѓе?  Што е толку страшно? Но, рутината од ден во ден се претвори во кошмар“, додава Лори.Серијата „Хаус“ заврши лани, а се емитуваше од 2004 година до 2012.Хју Лори деновиве повторно е во улога на музичар и го промовира својот втор студиски албум „Didn't It Rain”, кој ќе се продава од 6 мај. Како и во случајот со првиот албум „Let Them Talk”, Хју Лори свири и пее американски блуз и оддава почит на Њу Орлеанс.Популарниот британски актер, Хју Лори, вели дека улогата на доктор Хаус во истоимената американска серија му бил

loading...