ЛШ: Дуел на титаните во Минхен

Баерн Минхен и Барселона, во среда, на „Алијанс Арена“ ќе го одиграат првиот полуфинален натпревар во фудбалската Лига на шампиони. Великаните на европскиот и светскиот фудбал во своите витрини имаат по четири титули Европски првак.

Баварците до своето 15-то полуфинале во ЛШ, стигнаа со двојната победа над Јувентус, во двата четвртфинални натпревара Баерн победи со 2:0, додека Барселона која по 14-ти пат ќе игра во полуфиналето на елитното натпреварување, во четвртфиналниот двомеч со ПСЖ вкупниот резултат беше 3:3, а Каталонците поради поголемиот број постигнати голови на гостински терен се пласираа меѓу најдобрите четири екипи. Тренерот на Баерн кој по завршувањето на сезоната ќе го напушти тимот, потенцираше дека неговиот наследник, поранешниот шеф на Барселона, Пеп Гвардиола, не му ги открил адутите на противникот. „Јас навистина му се восхитувам на Гвардиола, но мене не ми требаат совети од други тренери. Знам дека мојот тим е подобар од сите, а исто така добро го познавам шпанскиот фудбал и Барселона. Баерн во моментов го игра најмодерниот фудбал во својата историја. Исто така, морам да кажам дека воопшто не размуслуваме за она што и се случи во минатата сезона, кога го загубивме финалето од Челзи. Ние имаме план кој нема да го менуваме, без оглед дали Меси ќе игра или не“, рекол предводникот на Баерн, Јуп Хајнкенс. Стратегот на Баварците пред натпреварот се соочува со само еден проблем, кој во шпицот на нападот да го замени суспендираниот Марио Манџукиќ, за местото конкурираат Марио Гомез и Клаудио Пизаро. Еден од клучните играчи на Барселона, Чави Ернандез вели дека неговиот тим ќе се обиде што повеќе да ја има топката во свој посед, со што би му оневозможиле на Баерн да го наметне својот стил на игра. „Тоа е најдоброто сценарио за нас, ние така знаеме да играме. Доколку му дозволиме на противникот да има поголем посед на топка тогаш може да се соочиме со многу проблеми. Мислам дека двата тима имаат подеднакви шанси да се пласираат во финалето. За нас, исто така е многу важно да постигнеме барем еден гол“, рекол Чави. Помошниот тренер на Барселона, Џорди Роура за шпанските медиуми изјавил дека сеуште е неизвесен настапот на Лионел Меси, кој има проблеми со повредата на тетивата. Последен пат во Лигата на шампиони овие двата тима се сретнале во сезоната 2008/2009, тога понатаму мина Барселона со вкупен резултат 5:1. Во однос на тие два натпревари Барселона го има речиси истиот тим (Валдес, Дани Алвеш, Пике, Абидал, Пујол, Чави, Иниеста, Меси), додека кај Баерн во тимот се само Рибери, Швајнштајгер и Лам. Баерн е во фантастична серија на домашен терен, има 11 победи на 13 натпревари, додека Барселона нема пораз на последните осум гостувања во Германија. Натпреварот во Минхен ќе започне во стандардниот термин од 20:45 часот.
Макфакс
Баерн Минхен и Барселона, во среда, на „Алијанс Арена“ ќе го одиграат првиот полуф

Пронајдете не на следниве мрежи: