Марија (13) од сигурна смрт ја спасил помладиот брат: Ја закопал снегот, а таа веќе изгубила свест и помодрела кога момчето ја нашло

Тринаесет годишната Марија од Херисау, Швајцарија, паднала во снегот кој целосно ја затрупал, а кога ја пронашле нејзиниот 11-годишен брат и родителите, таа била во несвест со помодрено лице.

За среќа помалиот брат брзо реагирал и ја спасил.

Во Италија запленети кокаин вреден 100 милиони евра, уапсени пет лица
Италијанската полиција заплени пакувања со кокаин тешки 540 килограми, чија вредност се проценува на повеќе од 100 милиони евра, а пет лица се уапсени, јавува АНСА. Осомничените биле на рибарски чамец и ја поседувале дрогата, која била спакувана …
Ужас во Франција: Ги yбил своето семејство — сопругата и двете деца на возраст од една и пет години
Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност и кој одел на работа, забележал маж вооружен со нож како напаѓа минувач на улицата, соопшти ТВ БФМ. Пешакот бил повреден во раката, а осомничениот во вратот, …

„Марија и Орландо правеа куќа од снег додека ние бевме во домот“, изјави мајката Фиорела за швајцарските медиуми. Во еден момент слушнале како малиот Орландо панично ги довикиува, а кога излегле надвор го затекнале како копа во снегот.

„Тоа беше борба за живот и смрт“, додала мајката.

Заедно успеале да ја пронајдат затрупаната ќерка која веќе имала помодрени усни и била без витални знаци на живот.

Веднаш ја искапеле со топла вода по што 13 годишното девојче почнало да се освестува.

„Марија немаше да биде жива доколку Орландо не реагираше толку брзо. Се можеше да заврши многу лошо“, истакна Фиорела. По оваа случка девојчето доживеало шок, но не морало да оди во болница, па веќе следниот ден била надвор со својот брат и си играла на снегот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.