Мајами победи по две продолженија, тепачка во Индијанаполис

Loading...

Осум натпревари се одиграа во НБА лигата, во ноќта помеѓу вторникот и средата, нив ги обележи победата на Мајами над Сакраменто, по две продолженија со 141:129.

Победа во продолжението забележа и Феникс над Минесота, додека тепачка имаше на дербито помеѓу Индијана и Голден Стејт. Тандемот Леброн Џејмс-Двејн Вејд постигна 79 поени со што Мајами успеа да го скрши отпорот на Сакраменто дури по две продолженија. Џејмс имаше учинок од 40 поени, 16 скокови и осум асистенции, додека Вејд заврши со 39 поени, осум скока и седум асистенции. Маркус Тормтон со 36 поени, односно Демаркус Кузан (24 поени, 15 скокови) и Тајрик Еванс (26 поени) беа најдобрите играчи на Сакраменто. Жесток натпревар, во кој поради тепачка беше исклучен Рој Хиберт одиграа Индијана и Голден Стејт – Пејсерси победија со 108:97. Хиберт беше исклучен поради инцидентот со Дејвид Ли, во кој подебелиот крај го извлече Стефон Кари. „Сериозно не го ни почувствував. Видов играч со светла боја на кожата, не знам дали беше Клеј Томпсон или Стефон Кари, знам само дека покрај мене беше кошаркар со светла боја на кожата“, раскажувал по натпреварот Хиберт. Индијана до победата ја предводеше Дејвид Вест со 28 поени и седум скокови, додека Џорџ Хил имаше учинок од 23 поени и седум асистенции. Кари нема по добро да ја памети својата најдобра игра во НБА лигата, мечот го заврши со 38 поени, погодувајќи седум од 10-те обиди за три поени. Полскиот репрезентативец Марчин Гортат ги постигна поените со кои на Феникс најпрвин му донесе продолжение, а потоа и победа над Минесота со 84:83. Гортат мечот го заврши со 14 поени, колку што постигнаа и Маркиф Морис и Весли Џонсон. НБА резултати:Филаделфија-Орландо 84:98Индијана-Голден Стејт 108:97Мајами-Сакраменто 141:129Чикаго-Кливленд 98:101Њу Орлеанс-Бруклин 97:101Далас-Милвоки 90:95Феникс-Минесота 84:83ЛА Клиперс-Шарлот 106:84.
Макфакс
Осум натпревари се одиграа во НБА лигата, во ноќта помеѓу вторникот и средата, нив ги обележи

loading...