Мајами се врати од -27 и ја запиша 24-та последовна победа

Loading...

Кошаркарите на Мајами Хит ја запишаа и 24-та последовна победа, откако го совладаа Кливленд со 98:85.Играчите на актуелниот првак, до победата стигнаа иако во еден дел од натпреварот против домаќинот Кливленд имаа негатива од 27 поени.До победата Мајами го предводеше Леброн Џејмс, кој против поранешната своја екипа оствари ’трипл дабл’ од 25 поени, 12 скокови и 10 асистенции.Ноќта во НБа лигата, покрај импресивниот пресврт на Мајами ја обележаа и возбудливите завршници на два натпревари – Марк Гасол погоди во последната секунда од продолжението за победа на Мемфис над Оклахома со 90:89, а на ист начин Ентони Дејвис на Њу Орлеанс му ја донесе победата над Бостон со 87:86.Победи на натпреварите одиграни помеѓу средата и четвртокот забележаа фаворитите Сан Антонио, Бруклин, ЛА Клиперс и Њујорк. Резултати:Кливленд-Мајами 85:97Шарлот-Торонто 107:101Атланта-Милвоки 98:90Њујорк-Орландо 106:94Њу Орлеанс-Бостон 87:86Далас-Бруклин 96:113Хјустон-Јута 100:93Мемфис-Оклахома 90:89Сан Антонио-Голден Стејт 103:94Феникс-Вашингтон 79:88ЛА Клиперс-Филаделфија 101:72.
MaкфаксКошаркарите на Мајами Хит ја запишаа и 24-та последовна победа, откако го совладаа Кливленд со 98:85.

loading...