Мајорка ги зголеми шансите за опстанок

Мајорка ја совлада Селта со 1:0, во последниот натпревар од 31.коло во Примера.

Со оваа победа Мајорка си ги зголеми шансите за опстанок во лигата и воедно и го препушти последното место на табелата на Селта. Единствениот гол го постигна Џовани дос Сантос во последните секунди од натпреварот. Мајорка сега се наоѓа на само еден бод од сигурната зона, која носи опстанок во лигата. Селта од друга страна со овој пораз е последна на табелата со три бодови помалку од Сарагоса и Мајорка. Селта во следното коло ќе ја пречека Сарагоса, додека Мајорка на домашен терен ќе игра против Рајо Ваљекано.
Макфакс
Мајорка ја совлада Селта со 1:0, во последниот натпревар од 31.коло во Примера.

Пронајдете не на следниве мрежи: