Меган Маркл се исклучи од сите социјални мрежи – Дали би го направиле истото?

Loading...

Сопругата на британскиот принц Хари, Меган Маркл, војвотката од Сасекс, изјави дека веќе нема профили на социјалните мрежи и дека не е запознаена со тоа што се пишува за неа на интернет.
На самитот „Најмоќните жени од следната генерација“, што го организира списанието Fortune, Меган Маркл рече дека „за свое добро“ веќе долго време не е на социјалните медиуми.
Таа рече дека нејзин личен избор е да нема профил на ниту една социјална мрежа и да не знае што пишува за неа на интернет, како и дека таа одлука ѝ била од голема помош од многу аспекти.
Војвотката изјави дека ги затворила своите лични профили пред неколку години и дека принцот Хари сега ги затворил и нивните официјални заеднички профили на Instagram и на Twitter.
Меган Маркл со месеци водеше кампања против негативните ефекти на социјалните мрежи. Таа и нејзиниот сопруг принцот Хари ја напуштија Велика Британија на почетокот на оваа година, делумно поради непријателските настроените медиуми.

Хари и Меган сега живеат во Јужна Калифорнија, откако се откажаа од бенефициите што ги имаа како членови на британското кралско семејство, вклучувајќи ги и приходите.
Дали вие би се откажале од социјалните мрежи?
Нашата љубов за социјалните мрежи порасна до неверојатни размери во изминатите 10 години, но најнови истражувања покажуваат дека онлајн платформите веќе почнуваат да го губат сјајот, особено оние „традиционалните“.


Овој тренд е особено забележителен кај помладата генерација. Едно истражување покажа дека повеќе од 11 милиони тинејџери си заминале од Facebook во периодот од 2011 до 2014 година. Младите повеќе се вртат кон „следното најдобро нешто“, што тогаш беа апликациите WhatsApp и Snapchat.
Некои технолошки и здравствени експерти тврдат дека зависноста од социјалните мрежи не само што ја намалува вашата продуктивност, туку и му штети на вашето физичко и ментално здравје.
Дали вие би се откажале од социјалните мрежи… засекогаш?

loading...