Медведев ја покажа шокантната мапа на Украина: Откри до каде планира да оди Русија и ја отфрли можноста за преговори со Зеленски (ФОТО/ ВИДЕО)

Дмитриј Медведев, поранешниот руски претседател, рече дека Украина е дел од Русија и ја отфрли можноста за мировни преговори со сегашните украински власти.Медведев, кој е заменик претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација, нагласи дека Русија ќе продолжи со таканаречената специјална воена операција додека другата страна не капитулира и додаде дека „историските делови на Русија“ ќе се вратат дома.Тој го одржа предавањето пред мапата на Украина, која ја прикажува таа земја како скратена територија покрај Полска и со Русија, која целосно ги контролира истокот и југот на земјата, како и целиот брег на Црното Море.Мапата покажува и дека делови од Украина се припоени кон Полска, Унгарија и Романија.
Medvedev shows his plans for Ukraine. He wants the land partitioned between Poland, Russia, Romania and Hungary. Only Kiev would be Ukrainian. pic.twitter.com/yDunMzLQq1— LogKa (@LogKa11) March 4, 2024
– Еден од поранешните украински лидери во одреден момент рече дека Украина не е Русија. Тој концепт мора засекогаш да исчезне. Украина е дефинитивно Русија – рече Медведев на предавањето „Географски и стратешки граници“.Тој ја отфрли можноста за мировни преговори со актуелното украинско раководство на чело со претседателот Володимир Зеленски и рече дека секоја идна украинска влада, доколку сака да преговара, ќе мора да ја препознае „новата реалност“ на теренот.
⚡️Я так бачу виступ Медведєва 🤡 ‼️ Це більше схоже на реальність 🎶 pic.twitter.com/etaYGBMFpT— Breaking News (@breakingUAnews) March 4, 2024
– Териториите на двата брега на реките Днепар се дел од стратешките и историските граници на Русија. Затоа сите обиди за насилно менување и отсекување се осудени на неуспех – додаде Медведев.Коментирајќи ги односите Исток-Запад, Медведев, кој ги обвинува американските специјални сили и воени советници за војна против Русија, рече дека односите меѓу Москва и Вашингтон се полоши отколку за време на кубанската ракетна криза во 1962 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: