Меси е најплатениот фудбалер во 2020 година, и дали знаете колку заработи?

Loading...

Капитенот на Барселона, Лионел Меси е најплатениот фудбалер во 2020 година, според списокот објавен од списанието Форбс. Реномирано списание проценило дека годишната плата на Меси во Каталонија е цели 126 милиони долари.

Аргентинецот за 16 години во Барселона освои 34 трофеи, важи за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, што му донесе плата од неколку милијарди долари пред оданочување во текот на неговата кариера.

Зад него е играчот на Јувентус, Кристијано Роналдо со 117 милиони, а на третото и четвртото место на списокот се напаѓачите на Пари Сен Жермен, Нејмар со 96 милиони долари и Килијан Мбапе со 42 милиони. 

Во споредба со минатогодишната листа, првите три не ги сменија местата.

loading...