Металург против Брест Мешков во СЕХА лигата

Loading...

Ракометарите на Металург, во среда, во рамките на 15.коло, во СЕХА лигата ќе играат против белорускиот Брест Мешков.

Македонскиот првак е лидер во регионалната лига, а со евентуална победа и теоретски ќе го обезбеди учеството на завршниот турнир. Металург и Брест Мешков оваа сезона имаат одиграно два натпревара, во Струга на традиционалниот турнир Металург победи со 26:23, додека во шестото коло, во СЕХА лигата Брест се радуваше на победата со 28:26. Натпреварот ќе се одигра во салата во „Автокоманда“ со почеток во 18 часот.
Макфакс
Ракометарите на Металург, во среда, во рамките на 15.коло, во СЕХА лигата ќе играат против бел

loading...