МЗТ против Задар во АБА лигата

Loading...

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродорм, во сабота, на домашен терен, против хрватскиот преставник Задар, ќе го одиграат натпреварот од 23.коло, во регионалната АБА лига.Во досегашниот тек од лигата македонскиот првак има позитивен скор во соочувањата со екипите од Хрватска-МЗТ ги доби двете средби со Цибона, односно Цедевита, а забележа победа и пораз во пресметките со Сплит.На првиот меч со Задар, одигран во ноември минатата година МЗТ забележа победа со 76:68.”Мораме на домашен терен, пред своите навивачи да одиграме многу подобро него што беше тоа случај во претходните неколку натпревари кои ги загубивме. Задар е добар тим, без разлика што се наоѓа во долниот дел на табелата. Само со максимално ангажирана игра на сите што ќе бидат спремни за настап можеме да очекуваме поволен резултат.” изјави за клупската интернет страница тренерот на МЗТ, Алеш Пипан.Покрај натпреварот МЗТ-Задар во 23.коло во АБА лигата ќе се одиграат и натпреварите: Игокеа-Сонлоки, Цедевита-Партизан, Олимпија-Крка, Црвена звезда-Цибона, Сплит-Широки, Раднички-Будуќност.Табела: 1. Игокеа 17/5, 2. Ц.звезда 16/6, 3. Будуќност 14/8, 4. Раднички 14/8, 5. Партизан 13/9, 6. Цедевита 12/10, 7. Олимпија 12/10, 8. МЗТ 11/11, 9. Крка 9/13, 10. Цибона 8/14, 11. Широки 7/15, 12. Задар 7/15, 13. Сплит 7/15, 14. Солнок 7/15.
МакфаксКошаркарите на МЗТ Скопје Аеродорм, во сабота, на домашен терен, против хрватскиот преставник Задар, ќе го одиграат на

loading...
Loading...