Мислела дека е дебела, а од лекарите дозна дека има монструм во стомакот

Loading...

Сензационалната вест пристигна од американската држава Конектикат каде лекарите отстраниле тумор тежок 60 килограми.

Лекарите од болницата Данбури успешно го отстранија џиновскиот тумор на јајник ка една 38-годишна жена. Ова, како што соопштија гинеколозите, е најголемиот тумор на јајници до сега.

Гинекологот го открил бенигниот тумор кога жената се обратила кај лекарите поради дебелината.
Имено, туморот го притискал нејзиниот дигестивен тракт, и поради големата маса и го отежнувал движењето поради што била принудена да користи инвалидска количка. Туморот исто така ги притискал крвните садови и ја загрозувал работата на срцето.

Тимот од 25 лекари ја подготвил сложената операција која траела цели 5 часа. Туморот е успешно отстранет, а жената по 2 недели е пуштена дома и според изјавите на лекарите целосно се опоравила.
Сега туморот е предмет на бројни студии.

loading...