Момче секој ден подготвува симетричен појадок за него и неговиот партнер

Појадок е најважниот оброк од денот, а фотографот Михаел Зи се грижи секое утро да направи најубавиот. За себе и неговото момче Марк ван Бик, Зи готви вкусен појадок на почетокот на секој ден.

Некаде минатата година, двајцата седнале да го јадат својот утрински оброк, кога забележале колку совршено симетрично е поставувањето на Зи.

Овој ентузијаст за храна објавил слика од овој оброк на Инстаграм и наскоро неговите следбеници почнаа да бараат повеќе. Така, е родена оваа серија фотографии наречена Symmetry Breakfast.

За да продолжи со оваа серија на огледални фотографии од храна и да ја претвори во дневна традиција, Зи честопати се буди многу рано за да започне да го подготвува појадокот и дури започнува некои од оброците ноќта пред тоа.

Тој сега посветува големо внимание на позадината и приборот за јадење, така што тие извонредно го комплетираат секој уникатен оброк. Зи и Ван Бик повремено патуваат и јадат во различни земји и уживаат во документирањето на локалните јадења.

Зи објасни: “Луѓето се прашуваат дали сум луд или опсесивен, но всушност ова е изјава на љубов. Јас сум посветен – и на појадокот и на Марк.”

 

Пронајдете не на следниве мрежи: