Напнато во Ф1, Алонсо демантира бојкот на трката во Нирнберг

Откако на големо се пренесе информацијата дека возачите на Формула 1 ќе ја бојкотираат трката во Нирнберг, дојде демант за целата информација.
Фернандо Алонсо, возачот на Ферари изјави дека возачите нема да ја бојкотираат трката во Германија која ќе се вози овој викенд на Нирнберг.
По трката во Силверстоун, Фелипе Маса не ја исклучи можноста да возачите би можеле да го бојкотираат Нирнберг.
„Доживеавме работи кои не сакаме веќе да ги видиме. Можеше да биде уште полошо бидејќи можеа да настрадаат навивачите, а некои од возачите да се здобијат со сериозни повреди“ изјави Алонсо.
Сепак, возачот на Ферари со демант.
„Слушнав дека ќе има некои промени, но сеуште не знаеме каква ќе биде ситуацијата. Мораме да возиме за екипата, за нашите спонзори и навивачи. Треба да веруваме дека нема да биде опасно“ изјави Алонсо.Откако на големо се пренесе информацијата дека возачите на Формула 1 ќе ја бојкотираат трката во Нирнберг, дојде деман

Пронајдете не на следниве мрежи: