„Најдобро финале во историја, за учебници, а Аргентинците покажаа дека фудбалот им е

Најуспешниот македонски селектор во историјата Игор Ангеловски, човекот под чија палка ланското лето Македонија првпат играше на едно големо натпреварување, Еуро 2020 цел месец беше ваш и наш стручен коментатор за Светското првенство во Катар, а со завршна анализа по вчерашното големо финале на 22-от Мундијал во Катар го одјавува спектакуларниот турнир после крунисувањето на Аргентина за светски првак!

Ова беше најдоброто финале во историјата на Светските првенства, финале за фудбалски учебници. Да се дадат шест гола на ваков меч, толку многу тактичко надмудрување, велемајстории на фудбалските велемајстори како Лионел Меси и Килијан Мбапе… Едноставно честитки за сите што ни го пружија ова задоволство да гледаме едно вакво финале со сите мајстори на фудбалот што ги имаа Аргентина и Франција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.