Најефикасен чај за слабеење од три состојки

Loading...

Три шолји од овој чај дневно помагаат во слабеењето, посебно на критичните точки како што се стомакот, колковите и задникот.
Сите три состојки од напитокот одлично ги согоруваат мастите и го забрзуваат метаболизмот. Но, се подразбира дека секој обид за забрзување на метаболизмот и губење на килограмите треба да биде проследен со балансирана исхрана и умерена физичка активност.
Потребни состојки:
– зелен чај
– цимет
– ловоров лист

Начин на подготовка:
1. Зовријте 800 милилитри вода и тргнете ја од оган.
2. Додадете го стапчето цимет, три ловорови листа и лажичка сушен зелен чај.
3. Поклопете и оставете да отстои 15 минути, а потоа процедете.
Кога е во прашање метаболизмот, важно е да знаете дека најдобро време за неговото забрзување е рано наутро, веднаш по будењето. Испијте ја првата шолја чај на празен желудник, втората испијте ја веднаш по појадокот, а третата пред спиењето.
Првите резултати се видливи по само седум дена.

loading...