Најмалку 10 загинати во експлозија на автомобил бомба

Loading...

Најмалку десет лица загинаа во главниот град на Сомалија во експлозија на автомобил бомба во близина на претседателската палата, соопшти во понеделникот полицијата притоа наведувајќи дека очигледна цел на нападот биле високи државни функционери.Возачот на минираното возило го детонирал експлозивот додека возел по авенијата меѓу претседателската палата и народниот театар во моментот која на истата рута се движела колона на висок функционер на националната безбедносна служба, појаснил за Reuters полицискиот офицер Абдикадир Мохамуд.„Цел на возачот на автомобилот бомба било возилото на висок функционер на национална служба за безбедност, но во исто време на рутата минувал и минибус со цивили. Токму цивилите се повеќето од жртвите“, рекол Мохамуд. Според него, по експлозијата на автомобилот бомба градскиот минибус едноставно се претворил во факел, а улицата останала прекриена со остатоци од човечки тела.Безбедноста во сомалиската престолнина Могадишу е зајакната откако армијата потпомогната од силите на соседните африкански земји ги протераат од главниот град исламистичките сили поврзани со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, меѓутоа атентатите врз високи владини функционери и напади врз безбедносните сили натаму се случуваат.Засега не е познато кој стои зад нападот од понеделникот. Пунтовничката група Ал Шабааб, којашто досега изведе многу слични напади, уште не ја презема одговорноста за нападот во Могадишу.Сомалиската Република престана да постои како унитарна држава во 1991 година со падот на диктаторскиот режим на Саид Баре. Како единствен легитимен орган во земјата меѓународната заедница ја признава федералната влада којашто ја контролира престолнината Могадишу и одредени поблиски области. Другите делови на Сомалија се под контрола на непризнаени државни ентитети или самоуправувачки региони.Во јужните и север-источните делови од Сомалија владеат локалните кланови и радикални исламски движења, вклучувајќи ги и оние поврзани со глобалната терористичка мрежа Ал-Каеда, од кои најорганизирана е групата Ал Шабааб, којашто дејствува и во соседната Кенија којашто по повик на меѓународната заедница заедно со уште некои други африкански земји испрати свои војници за справување со бунтовничките групи.
МакфаксНајмалку десет лица загинаа во главниот град на Сомалија во експлозија на автомобил бомба во близина на претседателска

loading...
Loading...