Најмалку 12 загинати во напад врз бегалски камп во Пакистан

Loading...

Најмалку 12 луѓе загинаа во четвртокот во експлозија на автомобил бомба  во логор во северозападен Пакистан каде се засолнува населението пред судирите на владините сили и исламистичкити екстремисти, јавува порталот Dawn.com повикувајќи се на полициски извори.Автомобилот бомба експлодирал во бегалскиот камп Џалузаи, во областа близу границата со Авганистан која воедно е и база за исламистичките бунтовници кои дејствуваат од двете страни на границата а имаат цел и да ги соборат властите во Исламабад.„Експлозијата одекна при делењето храна на бегалците“, изјави за телевизијата шефот на локалната полиција Мохамад Хусаин, додавајќи дека покрај 12-те загинати, од кои две жртви се деца и две се жени загинати има и околу 35 ранети лица, од кои неколку се во критична состојба. Според него, бомбата била подметната во автомобил, а во експлозијата биле уништени уште три возила паркирани во близината а на местото на детонацијата бил формиран голем кратер.Абдул Хак, претставник на одделот за отстранување експлозиви, за Dawn.com изјавил дека во нападот биле употребени 35 килограми експлозивен материјал.Логорот е засолниште за поголемиот дел од населението од планинските паштунски региони каде што се силните упоришта на пакистанските талибани Техрик-и-Талибан (TTP). Нивниот претставник Ехсанулах Ехсан во меѓувреме ја отфрли одговорноста за овој напад, соопштувајќи дека станува збор за „нечовечен и антиисламски напад врз невини“, какви што ги осудуваат.
МакфаксНајмалку 12 луѓе загинаа во четвртокот во експлозија на автомобил бомба  во логор во северозападен Пакистан каде

loading...
Loading...