Најпознатиот француски готвач открил совршен трик за највкусната кајгана за кој не ви требаат ниту пари ниту труд

Loading...

На нашите трпези најчеста намирница се јајцата, барем кога станува за појадокот. Тие заситуваат, полни се со протеини и се здрав избор, а предност е и што можат да се припремат на безброј начини.
Често се случува наместо сочна, кремаста кајгана да добиеме жилава смеса која се распаѓа во текот на готвењето.
Славниот француски готвач Ману Феилдел тврди дека тоа е поради вообичаената грешка која повеќето од нас ја прават – превисоката температура на која се припрема кајганата.
Авторот на емисијата “My Kitchen Rules” тврди дека високата температура ги препржува јајцата и текстурата станува премногу густа. Феилдел советува да ја загреете тавата на среден оган, а на истата да растопите малку путер пред да ги додадете јајцата.


Исто така, готвачот советува да се трудите во текот на пржењето температурата да биде иста.
“Не дозволувајте огнот да биде пресилен. Ако тавата е прежешка, јајцата премногу брзо ќе бидат готови, па наместо да бидат лесни и кремасти, тие ќе имаат жилава, “гумена” текстура. Тргнете ги од оган додека сè уште се влажни и оставете ги во тавата да отстојат уште 30-тина секунди”, објаснил Французинот.
Уште еден совет кој можете да го применувате за да добиете повкусна кајгана е да додадете павлака во неа. Професионалните готвачи се колнат во овој трик – на секое јајце додадете по една лажичка кисела павлака и добро промешајте.

loading...