На Велигденски концерт “Свадбата на македонски” за реставрација на Трескавец

Loading...

За возобновувањето на манастирот Трескавец, Културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани организира велигденски концерт„Свадба Македонска“ во вторник во МНТ театар „Центар“, Скопје со почеток во 20 часот.Од таму го покануваат секој љубител на македонското фолклорно творештво да биде дел од Македонската свадба и да ужива во богатото духовно и материјално културно наследство.„КУД „Дримкол“ од Вевчани како сериозна културна институција во нашата држава чувствува обврска својата работа да ја презентира пред сите граѓани во Р. Македонија, па токму од тука во програмата за работа за 2013 година предвидовме концерти во повеќе градови низ Македонија. Вевчанци се познати по својата големина, хуманост и спремност да поддржат и помогнат прави вредности во Македонија, па токму од тука 100 Вевчанци кои учествуваат во програмата на концертот во главниот град на нашата држава сакаат да дадат скромна поддршка и допринос за возобновувањето на Големиот духовен храм и вреден културно историски споменик   во Македонија –  манастирот „Св.Богородица“ – Трескавец“, се вели во соопштението.Помагатели на настанот се Општина Вевчани, Сител Телевизија, Македонски народен театар.
МакфаксЗа возобновувањето на манастирот Трескавец, Културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани организира в

loading...
Loading...