На Груевски му се закануваат уште 20 години затвор по другите обвиненија

Според она што го дознаваме на Груевски му се закануваат уште 20 години затвор по другите обвиненија, не сметајќи ја веќе изречената пресуда од две години оваа недела. Пред него се уште четири случаеви. Само во случајот „Титаник“ експремиерот е обвинет за три засебни кривични дела. Злосторничко здружувања, злоупотреба на финансии во избирачки процес и злоупотреба на избирачко право – што се сериозни обвинувања. Вкупно може по овие дела да биде осуден 13 години максимум, но вкупната казна не смее да е иста на вкупниот збир на казни. Што значи дека најверојатно ќе биде помала од вкупно можните. Што на некој начин е олеснителна околност. Понатака можни се и кани за тепачките во Центар од три години, примање на поткуп незаконски во случајот „Траекторија“ исто така во висина од три години.

И најнакрај случајот „ТНТ“ за кој во 2016 СЈО отвори истрага: Никола Груевски како претседател на Владата и Миле Јанакиески како министер за транспорт и врски го поттикнале градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски да најде начин и незаконски да го сруши објектот Космос, објави СЈО. Според новата акција со кодно име „ТНТ“ тие се нарачателите на рушењето на објектот во сопственост на Фијат Цановски. Прв извршител е градежната инспекторка во општина Гази Баба, која според СЈО без проблем ја прифатила нарачката од врвот на партијата. „Истата за да ја реализира постапката за рушење на станбено-деловниот објект “Космос”, направила мерење на максималната височина на нултата плоча на градбата, без да постојат законски услови за мерење на таа височина и тоа без да биде изграден заштитен тротоар на градбата од страна на пристапната улица “8” на објектот во однос на кој требало да се врши мерењето. Притоа составила Записник за констатација каде навела дека целиот објект се изведувал спротивно на Основниот проект, односно повисоко за висинска разлика од 1,43 метри, по што веднаш донела и незаконито Решение за отстранување на градба“, oбјави Фатиме фетаи. Инспекторката го игнорирала вештачењето од Архитектонски факултет кое посочувало дека се руши незаконски, а бидејќи на нарачателите им се брзало со уривањето, било наредено рушење со екплозив. Па, уште тројца осомничени во овој предмет кои тогаш биле членови на комисијата за јавни набавки во општината, незаконски ја спровеле јавната набавка , без оглас градоначалникот ја договорил фирмата Три М, која според СЈО, немала ни лиценца за рушење со експлозиви, а го извела чинот. Мотивот бил политичка одмазда, објави СЈО. Цановски бил оштетен за речиси 15 милиони евра, толку чинела само инвестицијата. „Селективноста во постапките за дискриминација на политичките неистомисленици преку нанесување директна штета претставува очигледен пример за класична злоупотреба на институционалните капацитети од страна на носители на највисоки јавни функции“, рече Катица Јанева. Но, токму највисоките функционери во овој случај немаат кривична одговорност и не се осомничени оти претседателот предвреме ги аболицираше. Најверојатно би се променило нешто ако се повлече одлуката за помилување. Мерки за обезбедување на присуство ќе се бараат од инспекторката и членовите на комисијата. „Во овој момент не може да кажеме што би се случило и какви промени би имало, но најверојатно би имало импликации тоа повлекување во нашите предмети“, рече Ленче Ристовска. Соочени со расчистување на сериозни кривични дела обвинителката Фетаи објави дека специјалните обвинители добивале сериозни закани кон нив и семејствата, па на тие што се заканувале им порача: „Правдата ќе го стигне секој оној кој се огрешил пред законот. Тоа е нашата цврста верба и определба„

Но, ова не е се. Во моментов СЈО води предистражна постапка и за незаконска набавка на електрична енергија. Дали од ова ќе произлезат нови проблеми за Груевски не знаеме сеуште. Она што ПУЛС24 го дознава од извори блиски на Груевски е дека бил подготвен да оди во затвор и дека со одредени луѓе организирал проштални состаноци. На тие состаноци манифестирал верба дека ќе издржи на ќе победи.