Неколку причини зошто да јадете ореви секој ден

Loading...

Оревите се одлични за здравјето бидејќи се богати со влакна, масти, минерали и витамини.
Тие се состојат од 65% масти и околу 15% протеини. Содржат малку јаглехидрати. Во една порција ореви од 30 грама има 185 калории, 4% вода, 4,3 г протеини, 3,9 г јаглехидрати, 0,7 г шеќер, 1,9 г влакна и 18,5 г масти.
Богати се со антиоксиданти
Оревите се богати со антиоксиданти бидејќи содржат витамин Е, мелатонин и полифенол. Со консумирање на ореви се намалува нивото на лошиот холестерол во крвта.
Исхраната базирана на шеќери и брза храна влијае лошо на спермата кај мажите. Со секојдневно консумирање на ореви се зголемува плодноста на мажите.
Оревите се богати со омега 3 масни киселини


Во една порција ореви има 2,5 г омега 3 масни киселини.
Полифенолите кои се содржат во оревите може да ги намалат воспаленијата во телото.
Истражувањата покажаа дека ќе ви се подобри здравјето на цревата и на дигестивниот систем доколку консумирате ореви.
Исто така, доколку редовно јадете ореви може да се намали ризикот од појава на рак на простата, рак на дојка и дебело црево.
Одлични се за превенција на дијабетес тип 2 бидејќи влијаат на намалување на телесната тежина. Го контролираат нивото на шеќер во крвта без оглед на телесната тежина.
Го намалуваат крвниот притисок
Високиот крвен притисок е ризичен за срцеви заболувања и мозочен удар. Некои истражувања сметаат дека оревите го намалуваат крвниот притисок.
Добри се за здравјето на мозокот бидејќи витаминот Е и полифенолите помагаат да се намали оксидативната штета и воспаленијата во мозокот.

loading...