„НЕМАЛ ПОИМ КАКВА СУДБИНА ГО ЧЕКА“ : Крадец и пришол на УБАВИЦА на улица, се обидел да ја ограби, а таа го осакатила со ќотек! (ФОТО)

Како судбината знае да си игра со луѓето. Еден разбојник во Бразил морал на потешкиот начин да научи дека крадењето е грев и дека ќе мора да се соочи со последиците.Злобен разбојник избрал девојка на улица која сакал да ја ограби, но не знаел која е .За своја жртва ја избрал УФЦ борецот Полјана Вијана, која со ќотек му го сменила личниот опис!Оваа ситуација се случи во 2019 година, но се уште е актуелна на социјалните мрежи, па една објава од 2023 година достигна неверојатни 50 милиони прегледи. View this post on Instagram A post shared by Dana White (@danawhite)Оваа приказна потоа беше претставена на пошироката јавност од Дејна Вајт, првиот човек на УФЦ.Бразилката додека зборувала за деталите од нападот открила дека мажот и пришол и ја прашал „колку е часот?“, додека таа го чекала транспортот.„Му кажав колку е часот, тој одби да замине… А потоа почна да зборува за тоа како има пиштол со него, дека треба да му го дадам телефонот што веќе го ставив во џеб. Почна да раскажува да не давам отпор затоа што беше вооружен“, објаснила Вијана и продолжи:„Кога ја стави раката на пиштолот, сфатив дека е премногу мек и помислив дека е лажен, некој картон… Сфатив дека и да е вистински, нема да има време да го извади бидејќи тој беше премногу блиску до мене“.Таа објасни и како го совладала мажот.„Станав и веднаш го удрив два пати со рака, а потоа еднаш со нога. Тој падна, а јас притрчав и го фатив за вратот одзади. Потоа го кренав и го поставив, за да седиме каде бевме порано, и му реков: “ Па, сега да почекаме полиција“.

Пронајдете не на следниве мрежи: