Нигерија: Напаѓачи киднапирале луѓе од џамија

Вооружени напаѓачи во Нигерија убиле 12 верници, меѓу кои и имамот, и киднапирале голем број луѓе од џамија, соопштија денеска локалните жители.

Ловал Харуна, жител на Фунтуа, државата Кацина, телефонски изјави за Ројтерс дека вооружени лица на моторцикли пристигнале синоќа во џамијата Маигамџи и почнале спорадично да пукаат, принудувајќи ги верниците да почнат да бегаат.

Околу 12 луѓе кои присуствуваа на молитва беа убиени, вклучувајќи го и имамот, рече Харума. „Потоа ги опколија луѓето и ги одведоа во дивината. Се молам бандитите да ги ослободат невините луѓе што ги киднапираа“, рекол Абдулахи Мохамед, друг жител на Фунтуа.

Портпаролот на полицијата во Кацине, Гамбо Исах, го потврди нападот и додаде дека некои верници биле спасени.

Вооружени групи, познати како бандити, убиваат луѓе во области каде безбедноста е слаба или ги киднапираат и бараат откуп за нивно ослободување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.