Николиќ заминува од МЗТ

Loading...

На коло до крајот на натпреварите во АБА лигата, раководството на МЗТ Скопје Аеродром, реши да го раскине договорот со центарот Урош Николиќ.Дваесет ишестгодишниот центар, кој во кариерата има играно за Крка и Црвена ѕвезда, на почетокот од сезоната пристигна во редовите на МЗТ, но во натпреварите од Јадранската лига не ги оправда очекувањата поради кои беше доведен во клубот.Николиќ во регионалната лига за МЗТ одигра 24 натпревари на кои во просек бележел по 5,7 поени и 3,45 скокови по натпревар.Најдобриот меч за МЗТ Николиќ го одигра во второто коло против Широки, на кој имаше учинок од 16 поени и седум скокови.Следна дестинација на 207 сантиметри високиот центар ќе биде Крагуевац, односно екипата на Раднички.
МакфаксНа коло до крајот на натпреварите во АБА лигата, раководството на МЗТ Скопје Аеродром, реши да го раскине договорот со

loading...
Loading...