Новицки го доби дуелот со Пол

Три натпревари се одиграа во НБА лигата, во ноќта помеѓу вторникот и средата, во нив победи забележаа екипите на Далас, Њујорк и Минесота.Далас во дербито, по продолжението, забележа победа над ЛА Клиперс со 109:102. Мечот беше пресметка на Дирк Новицки и Крис Пол, двајцата постигнаа по 33 поени.Далас со оваа победа сериозно се замеша во борбата за осмото место во Западната конференција – Далас и Јута имаат скор 35-36, пред нив се Лејкерси со една победа повеќе (36-36).Њујорк, предводен од тандемот Ентони-Смит кои искомбинира 61 поен, го совлада Бостон со 100:85.Смит постигна 32, а Ентони 29 поени во победата на Њујорк. Кај Бостон кој играше без Кевин Гарнет со двоен ефект, 19 поени и 10 скокови, се истакна Џеф Грин.Минесота во Детроит ги совлада Пистонси со 105:82, Бареа постигна 21 поен, а Пековиќ имаше двоен ефект од 18 поени и 11 скокови. Пистонси кои го запишаа седмиот последовен пораз на домашен терен ги предводеше Калдерон со 14 поени.
МакфаксТри натпревари се одиграа во НБА лигата, во ноќта помеѓу вторникот и средата, во нив победи забележаа екипите на Далас

Пронајдете не на следниве мрежи: