Ново соочување на Реал и Барса, 225-то „Ел Класико“

Loading...

Новото соочување на Реал и Барселона, во 225-то „Ел Класико“ е дербито на 26.коло во Примера, кое во петок ќе биде отворено со натпреварот помеѓу Хетафе и Сарагоса.

Првенствениот дуел на фудбалските великани, доаѓа по соочувањето во Купот на Кралот, во вторникот Реал како гостин победи во Барселона со 3:1 и избори пласман во финалето на националниот Куп. ’Кралскиот клуб’ во големата победа на „Ноу Камп“ го предводеше Кристијано Роналдо, кој постигна два гола, но печатот во Шпанија најавува дека Португалецот нема да го започне мечот. Според плановите на Мурињо, Роналдо заедно со дефанзивците Варан и Серхио Рамос, односно Чаби Алонсо, ќе ја чека шансата од клупата за резерви, со цел да бидат одморни за важниот меч со Манчестер јунајтед во Лигата на шампиони, кој ќе се одигра на 5.март. Мурињо, полека крева раце од првенството, јасно му е дека предноста на Барселона од 16 бодови е невозможно да се достигне, па сиот потенцијал на екипата го насочува кон освојувањето на титулите во Купот на Кралот и Лигата на шампиони. Стратегот на Реал, во вторникот, тактички целосно го надигра в.д. тренерот на Барселона – Мурињо и ја остави топката на Барселона, целосно ги затвори приодите кон голот и преку контранападите на Роналдо и Ди Марија го надигра противникот. Барселона од друга страна, според најавите, на „Сантијаго Бернабе“ ќе истрча во најсилниот состав, Џорди Роура нема што да тактизира, Барса мечот од Лигата на шампиони ќе го одигра дури на 12.март, а евентуалната победа ќе биде значајна за враќање на самодовербата на екипата. Покрај дуелот во Мадрид, интерес предизвикува и натпреварот во Малага, каде домаќинот ќе го пречека Атлетико Мадрид. Малага сака да остане во трката за едно од првите четири места на табелата, додека Атлетико кој избори пласман во финалето на купот, се надева дека може да ја намали разликата во однос на Барселона.Примера 26.коло, двојки:Петок, 1.март:Хетафе-СарагосаСабота, 2.март: Реал Мадрид-БарселонаДепортиво-Рајо ВаљеканоОсасуна-Атлетик БилбаоВаленсија-ЛевантеНедела, 3.март:Гранада-МајоркаЕспањол-ВаљадолидМалага-Атлетико МадридРеал Сосиедад-БетисПрвенствената рунда во Примера, в понеделник ќе ја затворат Севиља и Селта.
Макфакс
Новото соочување на Реал и Барселона, во 225-то „Ел Класико“ е дербито на 26.коло

loading...