Овие зборови се навреда за Х! Корисниците кои ги користат добиваат итно предупредување

Мрежата Х забранува објави доколку содржат зборови кои се сметаат за навреда на оваа социјална мрежа, а една дигна посебна прашина деновиве.Сопственикот на Твитер,  Илон Маск  , минатата година напиша дека зборовите „cis“ и „cisgender“ се сметаат за навреди на оваа платформа.Овие зборови опишуваат, како што често се објаснува накратко, личност чиј пол одговара на полот што го имаат при раѓањето и која ги исполнува родовите улоги кои се во согласност со општествените норми.Вчера, 14 мај, оваа социјална мрежа објави официјално предупредување кое укажува и на зборови кои се сметаат за навреда.Како што објави TechCrunch, корисниците кои се обиделе да објават нешто на Твитер користејќи ги зборовите „cis“ или „cisgender“ добиле предупредување.– Објавата содржи зборови кои може да се сметаат за навреди, а се користат за прекршување на правилата на платформата – им рекол Х

Пронајдете не на следниве мрежи: