Од полноќ нови цени на горивата

Loading...

Од вечерва на полноќ се намалува цената на бензинот за половина денар, додека цената на нафтата за возилата и за домаќинствата останува непроменета. РКЕ потсетува во своето соопштение дека трговците може да формираат и пониски цени од тие што се утврдени како максимални.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41%, во однос одлуката од 13.10.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат
за 0,50 денар/литар во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 13.10.2020 година.
Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на
исто ниво, односно не се менуваат.

Од 20.10.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 59,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 61,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 50,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 50,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 26,754 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,109 ден/кг и ќе изнесува 26,754 ден/кг.
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи бележат намалување кај
бензинот за 2,515%, кај дизелот има зголемување за 0,074%, намалување има кај екстра лесното
масло за 0,415% и кај мазутот намалувањето е за 0,633% .
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,006%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 20.10.2020
година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...