Ока Николов херој на Ајнтрахт

Фудбалерите на Баерн Минхен и покрај тоа што ја обезбедија шампионската титула не престанаа да ги тероризираат своите противници, Хановер е последната жртва на Баварците кои победија со 6:1.Колото во Бундеслигата мина во знакот на македонскиот ветеран на голот на Ајнтрахт, Ока Николов е најзаслужиниот за победата на неговиот тим над Шалке.Николов во 24-та минута при резултат 0:0 му одбрани пенал на Мишел Бастос, а до крајот на натпреварот имаше уште неколку бравурозно одбрани. Ајнтрахт победи со голот на Рус постигнат во 41-та минута.Вториот Македонец во Бундеслигата, Николче Новески со Мајнц загуби во Дортмунд со 2:0 – Ројс и Левандовски беа стрелци за Борусија.Баер Леверкузен со сигурност ќе игра во Лигата на шампиони следната сезона, во 30.коло ‘фармацевтите’ го победија Хофенхајм со 5:0.Победа на домашен терен забележа и Хамбургер – ХСВ со головите на Ван дер Варт ја совлада Фортуна со 2:1.
МакфаксФудбалерите на Баерн Минхен и покрај тоа што ја обезбедија шампионската титула не престанаа да ги тероризираат своите

Пронајдете не на следниве мрежи: