Околу 33 гледачи повредени на трката Nascar

Loading...

Во судирот на десетина тркачки автомобили во саботата по локално време на натпреварот на асоцијацијата Nascar на меѓународната тркачката патека во американскиот град Дејтона Бич, во сојузната американска држава Флорида, според последните бројки, разлетаните делови од возилата повредиле 33 гледачи, јавува Assocaited Press.Судирот се случи само неколку секунди пред финишот на водечкиот автомобилист Реган Смит, кого се обидел да го блокира автомобилот кој се приближувал на целната рамнина управуван од Бред Казаеловски. Поради овој инцидент маневрирањето на дебитантот во сезоната, Кајл Ларсон, завршило во соседниот автомобил. Ударот бил толку силен што автомобилот Ларсон со број 32 летнал низ воздухот и тркачкиот автомобил удрил во заштитната мрежа којашто се издига над бетонскиот ѕид кој ја одделува патеката од трибините за гледачите.Од ударот во трибината се разлетале делови од автомобилот, од кои и едно од тркалата. Со сериозни повреди се здобиле 14 лица, кои се примен во локалната градска болница, а другите настрадани добиле медицинска помош во амбулантата на автодромот. Ниту еден од возачите не е повреден. Можно е причина за несреќата да била експлозија на тркало на еден од болидите, забележува агенцијата AFP.Несреќата на тркачката патека во Дејтона Бич се случи само еден ден пред отворањето на шампионатот на Дејтона – Sprint Cup Series, на врвната дивизија на американската тркачка асоцијација Nascar, забележува Reuters.Несреќа на саботната трката се случи за време на натпреварот од втората дивизија Nascar Nationwide Series во којашто учествуваат главно млади автомобилисти со возила со помалку моќни мотори отколку во главната дивизија, па тоа е една од причините што трибините не биле исполнети, што придонесе и за релативно помал број настрадани.На натпреварот Sprint Cup Series Спринт кој ќе се одржи во неделата подоцна, треба да дебитираат четири нови модели автомобили со модифицирани каросерии – Chevrolet SS, Dodge Charger, Ford Fusion и Toyota Camry. Дизајнот на автомобилите сепак повеќе ќе потсетува на сериските верзии на автомобилите, што, според здружението, ќе го задоволи вкусот на фановите на американските автомобилски трки.
МакфаксВо судирот на десетина тркачки автомобили во саботата по локално време на натпреварот на асоцијацијата Nascar на

loading...
Loading...