Онишченко се изнервира: Сакав да купам банка во Македонија, ама сега не купувам

Украинскиот олигарх Олександр Онишченко имал намера да купи банка во Македонија.

Тој за „Слободен печат“ вели дека бизнисот со гас не го интересира, но сега се двоуми дали воопшто да продолжи со отпочнатата постапка за регистрирање фирма, откако Владата одлучи да му го одземе државјанството кое го добил на 31 мај годинава.

Никаков енергетски бизнис не ме интересира. Имав некои планови да купам банка во Македонија, ама нема да купам, ако вака одат работите и понатаму. Јас сега се занимавам само со финансиски бизнис, не се занимавам веќе со енергетскиот – изјави Олександр Онишченко.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.