ОПШТ ХАОС ПРЕДИЗВИКЕН ПОРАДИ ТРАНСРОДОВ КОШАРКАР: Средношколец кој се идентификува како жена повреди три играчи – НАТПРЕВАРОТ ПРЕКИН!

Прекинат е кошаркарскиот натпревар помеѓу средношколските екипи на Чартер и КИПП Академијата во Масачусетс, бидејќи дури тројца играчи на Чартер се повредени во дуели со трансродовиот кошаркар.Имено, за Академијата КИПП настапувал маж кој се идентификува како жена.Тој е значително повисок и физички посилен од противничките, па лесно се носи со ривалките.На видеото кое се појави на социјалните мрежи, кошаркарка на Чартер од болки се тркала по подот по жесток дуел со споменатиот противник.Чартер во мечот влезе десеткуван, а потоа дури тројца играчи се повредија веќе во првото полувреме, па тренерот реши да го повлече тимот од теренот по само 16 минути игра. Затоа, натпреварот ќе биде регистриран со службен резултат 10:0 во корист на Академијата КИПП.Директорот на училиштето по натпреварот изјави дека тимот знаел дека за противничката екипа игра трансродова личност и дека тоа не е причината поради која решиле да се повлечат.

„Не, тренерот знаеше дека тој игра, веќе одигравме еден натпревар со нив дома и ништо не се случи, тој знаеше дека ќе игра“, вели Кајл Пелчар, директор на Чартер.Тој истакна дека се плашеле да не се повредат повеќе играчи и поради тоа да не можат да се натпреваруваат во плеј-офот.Атлетското меѓуучилиште на Масачусетс објави дека играчот не може да биде исклучен од тим врз основа на родов идентитет.Во делот 43.3.1 од прописите се вели следново:„Ученик нема да биде исклучен од учество во спортски тим специфичен за пол кој е во согласност со веродостојниот родовиот идентитет на ученикот“.

Пронајдете не на следниве мрежи: