Османи на Министерската конференција и Самитот на лидери на франкофонијата

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе учествува на 43-та сесија на Министерската конференција на франкофонијата, која ќе се одржи на 18 ноември 2022, како и ќе ја предводи делегацијата на Северна Македонија на 18-от Самит на лидери на франкофонијата, на 19 ноември 2022, во Џерба, Тунис.

Османи на Министерската конференција и Самитот на лидери на франкофонијата

Во рамки на најголемите два собири на франкофонските земји и во присуство на голем број светски лидери франкофони, министерот Османи ќе се обрати на темите поврзани со иднината и приоритетните цели на франкофонијата и актуелните случувања во светот. 

Воедно, во рамки на Самитот на лидери ќе се избира и идниот Генерален секретар на франкофонијата.

Северна Македонија е полноправна членка во Меѓународната организација на франкофонијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.