ОТКРИЕНО КАКО Е УБИЕНО 13 ГОДИШНОТО МОМЧЕ ВО МОНПЕЛЈЕ – бил дел од мароканските навивачи, сакал да го симне француското знаме

Едно 13-годишно момче загина во тепачка меѓу навивачи на Мароко и Франција во Монпеље по мечот од полуфиналето на Светското првенство во кое „триколорите“ славеа со 2:0.
Според локалните власти, момчето било удрено од автомобил.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се забележи гужва на улица и автомобил кој избезумено се движи.

ОТКРИЕНО КАКО Е УБИЕНО 13 ГОДИШНОТО МОМЧЕ ВО МОНПЕЛЈЕ – бил дел од мароканските навивачи, сакал да го симне француското знаме

Деталите за тој момент сега се познати.
Како што пренесува „Дејли мејл“, ова 13-годишно момче било дел од група марокански навивачи кои се обиделе да го тргнат француското знаме од автомобилот. Меѓутоа, возачот решил да нагази на гас, се свртел за да побегне од целата група и го прегазил момчето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.