Очевидци за авионската несреќа кај Солунска глава: Го видов авионот. Мал, но многу високо леташе…

Loading...

Трагедија во воздухот. Семејство од Бугарија загина при авионска несреќа во планински предел кај Солунска глава.
Малиот авион „Цесна“ се урна недалеку од Скопје при лошо време.
Во него патуваа пилотот, неговата сопруга и нивните две ќерки.
Телата беа откриени близу 18 часа по инцидентот. Авионот паднал недалеку од селото Богомила. Неговите жители ги проследиле последните маневри на авионот во воздух, пишуваат бугарските медиуми.


Очевидци на инцидентот , кои живеат во селото под врвот, раскажуваат и какво било времето тој трагичен ден.
-Го видов авионот. Мал, но многу високо леташе. Одеше кон Охрид, натаму. Може и да го згрешил патот и да отишол кон Солунска глава. Времето беше лошо. Имаше ветер вчера“, рекла жена која го видела авионот кој прелетувал.

loading...