Пандев: Имаме свои адути, се надевам на позитивен резултат

Loading...

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, в петок против Белгија ќе го одигра 70-от натпревар во националниот тим. Пандев на претходните 69 репрезентативни настапи постигнал 26 погодоци и е играчот од кого најмногу стравуваат во белгискиот табор.„Се работи екипа составена од млади играчи кои играат во големи европски екипи, но селекторот рече дека тие немаат играч како мене кој ја освоил Лигата на шампиони. Тоа е комплимент за мене, но да не се залажуваме Белгија е воиграна и квалитетна репрезентација. Нè очекува тежок меч“, изјави Пандев.Капитенот на репрезентацијата се наоѓа во добра форма, во неделата го прекина и повеќемесечниот пост во италијанското калчо, тој го постигна победничкиот гол за Наполи против Аталанта.Според него противникот нема потценувачки да влезе во овој натпревар, бидејќи како што вели „овие две средби против нас за нив може да бидат одлучувачки“.Пандев ја потенцира позитивната атмосфера која владее во националниот тим и напоменува дека по трите победи во низа самодовербата е на високо ниво.„Со нетрпение го очекуваме овој натпревар, се надеваме на еден поволен резултат. Белгија е една од поквалитетните репрезентации во Европа, фаворит е во нашата група, но ние имаме свои адути и со помош на публиката, нашиот 12-те играч, можеме да ги изненадиме Белгијците. Имаме сила да ги изненадиме, само ќе треба да ги исполниме задачите кои ќе ги додели селекторот. Белгија е технички силна репрезентација, ќе треба многу да трчаме, треба да ја играме нашата игра, бидејќи само така можеме да стигнеме до позитивен резултат“, изјави во средата на прес конференцијата одржана во пресрет на мечот со Белгија Горан Пандев.
МакфаксКапитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, в петок против Белгија ќе го одигра 70-от натпревар

loading...
Loading...