Пилотот, кој не бил на должност, е обвинет за обид за убиство на 83 лица, откако во неделата вечерта наводно се обидел да собори патнички авион.
Авионот со 80 патници летал од Еверет, Вашингтон до Сан Франциско. Авионот бил пренасочен во Портланд, Орегон каде осомничениот бил совладан без инциденти.
- ХРАБРИ ЈУНАЦИ: Фотографија од Грција која ја обиколи Европа!
- Четири лица се тепале во Скопје
- Млада скопјанка нападната од поранешиот сопруг
- Жујовиќ на вахабистите им служел како мамка за “заспаните” терористи: Што претходело на терористичкиот чин пред израелската амбасада во Белград
- (Видео) Навивачка од Еквадор стана хит на интернет, мажите коментираат: „Не следиме веќе ЕУРО, само Копа“
- Три намирници кои го забрзуваат метаболизмот во 40-тите
- Десет видови храна што треба да ги јадете секој ден за поздрав и посреќен живот
- За многу години: Денеска е Св. Наум Охридски!
- Сопругот на 32 годишната жена која почина на Клинички: Имаме син 5 години, таа немаше други заболувања
Од полицијата велат дека осомничениот се вика Џозеф Дејвид Емерсон (44).
Осомничениот седел во пилотската кабина на авионот на Алјаска ерлајнс зад капетанот и копилотот. Членовите на екипажот го пријавиле инцидентот во контролата на летот. На комуникациската лента на контролата на летање се слуша еден од пилотите.
- Имаме ОСОБА кое се обиде да ги изгаси моторите во пилотската кабина, и не звучи како да прави проблеми во задниот дел во моментов. Мислам дека е совладан – се слуша пилотот кој потоа бара присуство на полиција на пистата најавувајќи го слетувањето.
Авионот требаше да слета во Сан Франциско во 19 часот и 30 минути, но летот беше пренасочен кон Портланд во 19 часот и 18 минути.
Авиокомпанијата изјави дека сите патници подоцна го продолжиле своето патување.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.