Пленарна седница утре во 11 часот

Уставните измени утре ќе се најдат пред пратениците на пленарна седнница. Дали власта ќе го обезбеди потребното двотретинско мнозинство за да го реализира предвиденото од Договорот со Грција останува да се види. Недостасуваат уште најмалку деветмина пратеници без кои е невозможно да се пристапи кон измена на Уставот. Пратениците од владеачкото мнозинство и денес со апел до нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат предложените измени, тврдејќи дека нема штета по државните и национални интереси.
Од ВМРО-ДПМНЕ не дадоа конкретен одговор дали пратениците утре ќе присуствуваат на пленарната седница и како ќе гласаат. Ќе почекале да видат како ќе тече собраниската расправа, но го повторија цврстиот став на партијата дека Договорот со Грција е капитулантски и го обвинија премиерот Зоран Заев дека лажел кога тврдел дека нема да се отвора Уставот.