Победа за Антиќ, пораз за Мекејлеб

Loading...

Половичен учинок на македонските интернационалци во натпреварите од деветото коло, во кошаркарската Евролига.

Перо Антиќ со Олимпијакос забележа победа во Истанбул, додека Лестер Бо Мекејлеб со Фенербахче е поразен во Сиена.Олимпијакос како гостин го победи Бешикташ со 79:60, а Антиќ во победата на својот тим партиципираше со два поени и четири скока. Фенербахче загуби во Сиена со 87:69 и ги загуби и теоретските шанси за пласман во четвртфиналето. Мекејлеб во поразот на својот тим имаше учинок од 10 поени, пет скока, една асистенција и два украдени топки. На другите натпревари:Каха Лаборал-Макаби 62:66Барселона-Химки 71:69Реал Мадрид-Бамберг 76:73.
Макфакс
Половичен учинок на македонските интернационалци во натпреварите од деветото коло, во кошаркар

loading...
Loading...