Победа на Металург, реми на Вардар Про

Loading...

Ракометарите на Металург забележаа победа на Цетиње против Ловќен, додека Вардар Про освои бод во Прешов против Татран, во натпреварите од 14.коло во СЕХА лигата.

Металург против домаќинот Ловќен победи со 24:22 и со освоените бодови се израмни со Загреб на второто место на табелата во регионалната лига. Избраниците на Лино Червар, прашањето на победникот на тешкото гостување го решија во втората половина од вториот дел. Ренато Вугринец со седум голови го предводеше Металург до победата, Мојсовски постигна пет, а Козлина три гола.Македонскиот првак од Цетиње замина за Љубушки каде в петок ќе му гостува на Извиѓач, еден од најслабите тимови во лигата. Вардар Про во Прешов против Татарн одигра 28:28, иако во последната минута имаше предност од еден гол. Радченко со погодокот кој го постигна на 20 секунди до крајот на мечот го спаси домаќинот од пораз. Петриќ со пет, односно Стоилов, Прибак и Раковиќ со по четири гола беа најефикасни играчи на Вардар. 
Макфакс
Ракометарите на Металург забележаа победа на Цетиње против Ловќен, додека Вардар Про освои бод

loading...