Познатата украинска снајперистка се омажи, во бел фустан на првата линија на одбраната

Нема шанси Украинецот Евгениј Стипањук некогаш да заборави да и честита на сопругата за годишнината од бракот. Тој се ожени токму на неговиот роденден, кој се совпадна со Денот на бранителите на таа окупирана земја, и тоа на првата линија на бојното поле, во областа Харков.

Познатата украинска снајперистка се омажи, во бел фустан на првата линија на одбраната

А неговата невеста во никој случај не е обична девојка. Тој се заколна на вечна љубов низ густо и слабо на познатата снајперистка Евгенија Емералд, офицер на вооружените сили на Украина, позната по името Ивана Орлеанска, пишува Слободна Далмација.

Свадбената церемонија била одржана во шумата, на првата линија на одбраната, единствени гости биле војниците, а ги венчал неименуван генерал. Невестата блескаше во бела деколтирана венчаница со пченичен букет, а младоженецот беше во војничка униформа.

Фотографиите од нивната венчавка ги преплавија социјалните мрежи, а невестата се огласи и на Инстаграм, објавувајќи фотографии од „својата совршена венчавка“.

„Денес официјално станав сопруга на војник. Поидеална свадба не можев да замислам! Ова е посебен ден“, напиша Емералд на Инстаграм, опишувајќи како чинот на стапување во брак бил скромен, брз и во воена средина.

На нејзиниот Инстаграм профил можете да видите дека Евгенија до почетокот на руската инвазија на Украина била обична девојка, правела накит, секогаш дотерана… а потоа се се сменило со првиот ден од инвазијата.

Таа веќе на првиот ден од војната позирала со оружје во кујната и напишала дека има намера да остане во Украина и да се бори, како и дека не ги поддржува оние кои ги спакувале куферите со првите гранати и побегнале.

Како што пишува The Odessa Journal, Евгениј и Евгенија се сретнале на бојното поле, а веќе во август објавиле дека се вериле.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.