Покрај Земјата наскоро ќе помине “Астероидот на смртта“

Loading...

Кометата со облик на череп која накратко поминала покрај Земјата пред 3 години на денес повторно се враќа. Астероидот, официјално наречен „2015ТВ145“, ќе биде најблизу до Земјата на 11 ноември. Научниците од НАСА кои првпат го забележале во 2015. година сметале дека станува збор за мртов астероид кој ја изгубил својата светлина по долгото патување низ Сончевиот систем. Тогаш се приближил доста близу до Земјата, со што бил “потенцијално опасен“.
– Откривме дека објектот одразува околу 6 отсто од светлината што ја добива од Сонцето – вели научникот Вишну Реди од Институтот за планетарни науки.
При првото поминување астероидот ја минал Земјата на растојание од 500.000 километри – или малку подалеку од Месечината. Оваа година ќе биде уште подалеку: 40 милиони километри, па астрономите и љубителите на вселената ќе можат да го набљудуваат со телескоп, но ќе се гледа само мала точка на светлина.
– Следната повозбудлива средба ќе биде на 31 октомври 2088 година, кога астероидот ќе се приближи до Земјата на околу 20 Месечеви растојанија, вели истражувачот Томас Милер.
Можеби сега ќе изгледа различно, затоа што астероидите може да ја променат формата кога патуваат низ вселената.

loading...