Полицајците без зимски јакни

Loading...

На денешната прес-конференција независниот синдикат на полицијата информира дека неодамна една група полициски службеници земале униформа, но според нив, се работи за пролетна јакна со која полицајците треба да работат во зимски услови.
– Дали оваа јакничка тешка 300 грама е доволна за правилно извршување на работите на полициските службеници? Зар со оваа пролетна јакна полициските службеници можат да извршуваат службени задачи надвор на овие минусни температури и до минус 10 степени и да издржат. Овие услови се неподносливи за полициските службеници на терен без зимски јакни. Бараме најитно да се набават соодветни јакни – зимски и да се поделат на колегите, изјави портпаролот на Независниот синдикат на полицијата Дејан Саздов пред Собранието на Република Македонија.
Доколку ресорното Министерство не им подели зимски јакни на полициските службеници тогаш тие немаат обврска да носат униформа затоа што таа е надвор од сите станадради и не е согласно правилата и прописите на Министерството.
– Легимитетот ни го дават околу три илјади членови кои секојдневно тропаат на нашата врата со едно барање – штрајк до остварување на сите наши права. Бараме Министерството да не вклучи во процесот на преговарање за нов колективен договор затоа што никогаш повеќе нема да дозволиме да се потпише штетен колективен договор за припадниците на полицијата, рече Саздов.

 

loading...