Порно сајт сака двобој Коби-Леброн

Loading...

 Сајтот sex.com, му понудил на Коби Брајант сума од пет милиони долари, доколку учествува во натпреварот во забивање на Ол Стар викендот во 2014 година.Единствен услов за парите да бидат исплатени е покрај Брајант во натпреварот во забивање да учествува и Леброн Џејмс.Доколку ова се оствари, овој порнографски сајт ќе донира пет милиони долари во добротворна организација која ќе ја избере Брајант.„Sex.com му нуди пет милиони долари на Коби Брајант доколку реши да се натпреварува во натпреварот во забивање во 2014 година. Меѓутоа, оваа понуда има еден услов, Леброн Џејмс мора да учествува на истиот натпревар. Брајант и Џејмс се елитни играчи и навивачите често дебатираат кој е подобар. Sex.com сака на навивачите да им овозможи да го видат талентот и креативноста на овие двајца“, стои во соопштението.Со оваа понуда на оваа интернет страница очигледно започна кампањата најголемите ѕвезди да учествуваат во натпреварот во забивање, кое полека  го губи својот сјај.Минатата недела, Меџик Џонсон на Леброн Џејмс му понуди милион долари да учествува во ова натпреварување.
Макфакс Сајтот sex.com, му понудил на Коби Брајант

loading...
Loading...