ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ: Одлична како предјадење или комплетен оброк

Посна салата со макарони е одличен прилог со друго јадење, а може да биде и комплетен оброк кој брзо се подготвува и ќе ве држи сити долго време. Може да биде одлично предјадење и за празничната трпеза, а рецептот е повеќе од едноставен.

Состојки:
половина праз
200 гр печурки
200 гр посни макарони
300 гр посен мајонез
1/2 лажичка оригано
сол
бибер

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ: Одлична како предјадење или комплетен оброк

Подготовка:
Сварете ги макароните 6-7 минути во зовриена вода со малку сол. На умерена температура во 2-3 лажици масло се динста ситно сечканиот праз. Додека тој се динста, исчистете ги печурките и исечете ги на помали парчиња.
По околу 10 минути динстање на празот, додадете ги печурките, 1/4 лажичка сол, оригано и биберот и динстајте уште 10-15 минути додека да испари водата што ја испуштаат печурките. Во исцедените макарони додадете ја смесата, измешајте и поклопете и оставете целосно да се изладат.
Протресувајте ја тавата на секои 15 минути за да не се залепат макароните. Ако го правите тоа со лажица, постои шанса макароните малку да се издробени. Во изладените макарони додајте го мајонезот и нежно измешајте за да биде рамномерно распореден, па префрлете во садот во кој ќе ја чувате салатата.

Пронајдете не на следниве мрежи: