Постигнат е договор со БЕСА

Попладнево Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ кусо  изјави дека е постигнат договор со БЕСА , со што е обезбедено парламентарно мнозинство за уставните измени. Што точно е договорено Костадинов не сакаше да изнесува детали. На прес-конференција само кажа дека продолжението на седницата на која ќе се гласаат уставните измени ќе ја закаже претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Loading...